Марија Шерифовиќ покажа како ја уредила собата за бебето: Пејачката се грижела за секој детаљ (фото)

На тие пари уште да не уреди...

Мајка си е мајка!

Пејачката Марија Шерифовиќ покажа дел од собата на нејзиниот син, која неодамна го доби со помош на сурогат мајка.

Марија во декември стана мајка, а сега покажа дел од детската соба во нејзиниот луксузен стан во Белград на вода.

Белата боја доминира, на ѕидот се исцртани ѕвезди, има и балони како украс, но и нешто за повивање на бебето.

Без сомнение, Марија се грижела за секој детаљ кога станува збор за нејзиниот наследник, кого го посакувала многу долго време.

За потсетување, Марија призна дека 2023 година и донела многу среќа, пред се поради Марио.

„Не знам како и од каде да почнам… Концерти, албуми, спотови, патувања во Америка, Ѕвездите на Гранд, приватен живот… И неверојатна одговорност и посветеност за сето тоа! Сега можам да кажам: „Боже, ти благодарам“! Благодариме за овие мали рачиња. Верувајте, на секој од нас му доаѓа тоа што го заслужил. Дури сега, кога имам 39 години, можам да си кажам дека и срцето и душата ми се во целосен мир, бидејќи конечно сè си дојде на свое место“, изјави таа.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More