Го имаме рецептот за најдобрите еклери: „Не е комплицирано, само следете ги упатствата“ (видео)

Вакво нешто еднаш се пробува!

Одлично, чиста 10ка!

Доста е од суви колачи, време е за покремасти. Принцес крофните се дефинитивно едни од нашите омилени, а имаме и многу едноставен рецепт од тефтерот на нашите баби.

Многумина се плашат од нивната подготовка, но не е комплицирано, само треба внимателно да ги следите упатствата и нема да има проблем.

Тесто:
5 јајца
250 мл вода
130 мл масло
150 гр обично брашно
3 лажици шеќер
1 прстофат сол
Крем:
1 литар млеко
250 гр шеќер
3 ванилин шеќер
1 јајце
5 жолчки
150 гр густин
130 гр путер
Дополнително: 250 мл слатка павлака

Подготовка
Прво се подготвува тестото.

Се вари водата, маслото и шеќерот. Кога ќе зоврие додадете го брашното и сварете го тестото. Се трга од оган и се лади, па постепено се додаваат јајцата со постојано мешање. Префрлете ја смесата во готварска кеса и на плех обложен со хартија за печење формирајте ги принцес крофните.

(оставете повеќе простор помеѓу секоја, бидејќи ќе нараснат за време на печењето. Не ја отворајте рерната за време на печењето)

Се пече на 190 степени 25 минути.

Сега на ред е кремот.

Во малку млеко измешајте ги шеќерот, јајцето и жолчките и згуснете. Остатокот од млекото сварете го. Кога млекото ќе зоврие додадете ја смесата и варете додека не се згусне. Изладете го кремот и додадете путер.

Секоја крофна пресечете ја на половина, наполнете ја прво со крем, па со шлаг (шлаг од слатка павлака) и покријте со капакот.

Посипете со шеќер во прав.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.