Микс од кисело, слатко и кремасто: Освежителен чизкејк од лимон!

Освежување за непцата!

Десерт идеален за врелите летни денови

Оваа варијанта на торта личи на чизкејк. Има кремаста структура, многу е миризлива, сочна и е одличен избор налето кога сакате да се разладите.

Состојки:

За кората:

  • 300 г мелени бисквити
  • 75 г маргарин
  • малку шеќер во прав
  • чаша млеко

За кремот:

  • 100 г крем-сирење
  • 300 мл слатка павлака
  • 3 кесички ванилин шеќер
  • 1 кесичка желатин

За глазурата:

  • 200 г џем од лимон
  • 350 мл вода
  • 1 кесичка желатин
Приготвување:
  • Направете ја кората така што ќе го изматите маргаринот со миксер, а потоа ќе додадете бисквити, млеко и шеќер во прав.
  • Ставете ја таа смеса на дното од калап.
  • Потоа, почнете со матење на слатката павлака, па кога ќе почне да се стегнува, додајте ванилин шеќер додека смесата стане цврста, како шлаг.
  • Внимавајте да не матите премногу, бидејќи тогаш нема да има добар вкус.
  • Во изматената слатка павлака додајте крем-сирење, па со внимателни движења, најдобро со помош на лажица, изматете ја смесата за да се соединат состојките.
  • Пригответе го желатинот според упатствата од кесичката, па исто така додајте го во смесата и повторно промешајте малку.
  • Добиениот крем сипете го врз кората, а потоа ставете го во фрижидер за да се олади добро.
  • Додека се лади, пригответе ја глазурата.
  • Џемот од лимон сипете го во сад, потоа додајте малку млака вода, најмногу една чаша, па ставете го џемот да се вари.
  • Штом почне да врие, тргнете го од рингла.
  • Пригответе го желатинот според упатствата, па додајте го во топлиот џем и промешајте. Оставете го да се олади малку.
  • Потоа, исцедете ја смесата така што ќе остане само проѕирниот течен дел и со него прелејте го колачот во калапот.
  • Потоа, вратете го чизкејкот во фрижидер за сето тоа заедно добро да се олади и стегне.

Добар апетит!

Дали има нешто подобро од чизкејк во форма на сладолед? Ние ви донесуваме едноставен рецепт
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.