9 години не можеле да имаат деца, а потоа го направиле ова: Сигурни се дека Бог ги наградил поради тоа!

Неверојатно

Оној што верува во чуда, создава чуда

Џош и Алисија Доерти од САД цели 9 години не можеле да добијат бебе. Се обидувале да основаат семејство, иако сите лекари кај кои биле им велеле дека не постојат никакви шанси да се случи бременост.

Алисија во текот на тие 9 години имала дури 11 спонтани абортуси, по што и самата почнала да крева раце од сè.

Сепак, во 2010 година ја донеле судбоносната одлука: одлучиле да го посвојат малиот Алекс.

„Беше толку неверојатно конечно да се има дете дома. Втрчуваше во собата и викаше ‘мамо, тато’. Бевме пресреќни. Во целото тоа лудило и радост, шест дена подоцна направивме дете! Не ни очекувавме дека повторно ќе забременам. Еден и пол месец подоцна добивме информација, по која се исплашивме. Сепак, 11 пати имав абортус. Но животот нè изненади, попрецизно нè награди поради тоа што го посвоивме Алекс. Сигурна сум во тоа. Осум месеци подоцна, ја родив Зои“, раскажува Алисија.

Бог гледа сè

Двојката не застанала тука. Некое време подоцна го посвоиле и Џејмс. Потоа, Бог повторно ги наградил!

„Не се вели залудно дека Бог гледа сè. По посвојувањето на Џејмс, повторно забременив и го добивме Даша. До денес имаме посвоено уште четири деца, но добивме уште две, па сега сме вкупно 12 во куќата“, радосно вели Алисија, чиј најголем сон во животот бил да има големо семејство.


Додека Џош не знае како да ги спои работата со грижата за толку деца, Алисија се топи од среќа.

„Живеам во луда и хаотична куќа, но сега веќе се навикнав на тоа и никогаш не го сменила. По една година размислување дека никогаш повеќе нема да имам дете, сакам да го отворам своето срце и да имам што е можно повеќе деца“, рекла оваа среќна мајка, уверена дека ќе посвои уште деца.

Запознајте ги сестрите близначки родени од две матки и со 8 недели разлика меѓу нив: Тие се вистинско светско чудо! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.