ЛАЖНА БАКЛАВА: Многу повкусна и поедноставна варијанта од онаа класичната!

За мерките ќе ви треба само една шолја

Вкусот на овој колач ќе ве воодушеви, тоа ви го гарантираме

Состојки:
  • 4 јајца
  • 2 шолји (од 200 мл) шеќер
  • 1 шолја масло
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја гриз
  • 1 шолја остро брашно
  • 2 шолји мелени ореви

За преливот:

  • 1/2 л вода
  • 2 шолји шеќер
Приготвување:

1. Пенесто изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте ги преостанатите состојки.

2. Сипете ја смесата во подмачкана тепсија и печете ја околу половина час.

3. Врелиот колач прелејте го со прелив од зовриена вода и шеќер (варете ја водата додека се растопи шеќерот) и посипете го со мелени ореви.

Лажната баклава е вистински хит: Се прави три пати побрзо, а шолјата домашно кафе не може да се замисли без неа!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.