Лажната баклава е вистински хит: Се прави три пати побрзо, а шолјата домашно кафе не може да се замисли без неа!

Пробајте!

Баклавата им е омилениот колач на многумина, а ние ви предлагаме брз и едноставен рецепт за овој превкусен десерт

Баклавата е еден од колачите што најбрзо се приготвуваат, а лажната баклава се приготвува три пати побрзо.

Состојки:
  • 500 г кори за баклава
  • 300 г сечкани ореви
  • 200 г мелени ореви
  • 150-200 г мелени бисквити
  • 250 г путер
  • 50-60 мл масло

За шербетот:

  • 600-700 г шеќер
  • 1 л вода
  • 2-3 кесички ванилин шеќер
  • 2 резанки лимон
  • сок од 1/2 лимон
Приготвување:

Сварете го шербетот и оставете го да се олади. Измешајте ги оревите, шеќерот и бисквитите. Посипајте ја секоја кора со масло и ореви, па завиткајте ја во ролат. Сечете го ролатот и наредете го во плех. Премачкајте го со растопен путер. Печете во загреана рерна на 170-180 степени, 30-35 минути.

Сочна баклава со гриз и ореви: Не постои поедноставен рецепт од овој!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.