Цеца потпиша договор со Ѕвездите на Гранд до 2027 година! Кога ќе ја слушнете сумата за која останува, нема да ви биде добро! (ВИДЕО)

Некој цел живот работи колку таа што добива од епизода!

Кој за што учел или како беше…

Цеца Ражнатовиќ потпиша договор со продукцијата за уште три сезони, што значи до финалето 2027 година ќе биде член на жирито во Ѕвездите на Гранд.

Како што дознаваат тамошните медиуми, Цеца нема да седи во жирито за сегашниот хонорар од 600.000 евра, односно 200.000 евра по сезона. Тоа ќе биде значително повеќе од септември.

„Во првиот договор една од клаузулите беше дека доколку се надминат очекувањата со влегувањето на Цеца во шоуто, хонорарот во следниот договор ќе биде за 30 отсто поголем. Тоа значи дека Цеца повеќе нема да добива 200.000 евра по сезона, туку 260.000 евра. Тоа дополнително значи дека за три сезони нема да земе 600.000, туку 780.000 евра“, открива добро упатен извор во настаните.

За потсетување, Цеца е во жирито од септември 2021 година.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.