Чудо од торта, омилена на сите: Полна со ореви и фил!

Пробајте го овој рецепт

Ако размислувате каква торта да приготвите за слава или за роденден, еве идеја

Состојки:

За  бисквитот

  • 4 јајца
  • 100 г шеќер
  • 100 мл млеко
  • 200 г брашно
  • 100 г мелени ореви
  • 1 прашок за печиво

За филот

  • 4 јајца
  • 150 г шеќер
  • 100 г чоколадо
  • 250 г путер

За преливот:

  • 100 мл сок
Приготвување:

Изматете 4 јајца со 100 г шеќер, па додајте брашно со прашок за печиво. Додајте млеко и мелени ореви. Добро измешајте. Печете во плех на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.

Оладете го бисквитот и пресечете го на пола. Останатите јајца изматете ги со шеќер и загревајте ги на пареа, да се згуснат. При крајот, додајте го чоколадото.

Оставете го да се олади. Изматете путер со малку шеќер во прав. Оладеното чоколадо додавајте го во путерот и мешајте. Може да додадете и 100 г мелени ореви, како и неколку капки рум. Прелејте ја тортата со сок, па премачкајте ја со половина од кремот.

Ставете ја другата половина одозгора, па премачкајте ја со другата половина од кремот. Украсете по желба, со сечкани ореви. Добро оладете ја и послужете.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време