Вкусно и лесно: Карбонара со тиква

Пробајте!

Вкусен специјалитет со тиква

Состојки:
  • 500 г шпагети
  • 1 главица црвен кромид
  • 200 г месеста сланина
  • 150 г исчистена тиква
  • 250 мл павлака за готвење
  • 2 јајца
  • 50 г пармезан
  • 3 лажици грашок од конзерва
  • сол
  • црн пипер
  • масло

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, месестата сланина и тиквата на стапчиња.

2. На малку масло се пропржува црвениот кромид, а потоа се додава сланината, па и таа кратко се пропржува, додека порумени. Се вади од маснотијата и се остава на топло.

3. На маснотијата од сланината кратко се пропржува тиквата, да омекне малку.

4. Шпагетите се варат во солена вода, а потоа се цеди вишокот течност.

5. Во врелите штотуку исцедени шпагети, се кршат две јајца и се меша брзо. Потоа се додаваат павлаката за готвење и пармезанот.

6. На крајот се посипува со пржената сланина, тиквата и грашокот, па полека се промешува.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.