Брз колач од јаболка: Не сте пробале посочен десерт, а ќе извалкате само еден сад!

Десерт што освојува

Сите ќе ви бараат рецепт!

Состојки:
  • 120 г мазно брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 120 г путер
  • 150 г шеќер
  • 2 големи јајца
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 3 лажици рум
  • 2 слатки јаболка
Приготвување:
  • Измијте ги, излупете ги и исечкајте ги јаболката на коцки, па загрејте ја рерната на 180°Ц.
  • Плех за торта со размер од 24 цм премачкајте го со путер, а дното покријте го со хартија за печење.
  • Омекнатиот путер изматете го со шеќер во воздушеста смеса, па додавајте ги јајцата едно по едно.
  • Сипете екстракт од ванила и рум, а потоа добро изматете.
  • Сувите состојки, брашното, прашокот за печиво и солта, сипете ги во приготвената смеса, па измешајте со дрвена лажица, а на крај, додајте ги и јаболката.
  • Сипете го тестото во приготвениот калап, а на врвот распоредете една полна лажица шеќер.
  • Печете 40-тина минути, па проверете со чепкалка дали колачот е печен.
  • Оставете го да се олади пред да го извадите од калапот.
  • Изладениот колач наросете го со шеќер во прав.

Ви предлагаме да го пробате и овој банана-леб од блендер!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.