Совети од познатиот доктор Мозли за борба против корона: Никакви лекови ниту суплементи – вака најдобро се зајакнува имунитетот!

Совети од експерти

Само со силен имунитет можеме да се избориме со сите вируси и болести

Седењето дома не’ чува од опасниот вирус со кој моментално се соочуваме. Покрај седењето дома и одржувањето контакти со што помалку луѓе, од исклучително значење за успешна борба против вирусот е и силниот имунитет.

Доктор Мозли предупредува за ризикот од предолго седење и советува барем 20 минути дневно да посветите на физичка активност.

„Вежбањето е најдобриот начин да се зајакне телото и имунитетот. Ова не подразбира исцрпувачки тренинзи, умерената физичка активност е доволна за телото да биде подготвено да се соочи со сите надворешни напади“, рекол докторот.

„Исхраната е важна, но без активности, нема резултати“, додал тој.

„Активноста мора да биде континуирана и да ги покрене сите групи на мускули. Доколку не почувствувате дека срцето малку побрзо ви чука, не сте завршиле добра работа.“

Ако деновите во изолација ги поминувате во седење, го зголемувате ризикот од хипертензија, дијабетес, срцеви болести, дебелеење, но и карцином, а сите тие се фактори за ризик за добивање коронавирус.

Докторот нагласува дека не е важно која физичка активност ќе ја одберете, важно е да се испотите и да не дозволите мускулите да ви атрофираат.

„Пуштете музика и танцувајте 15 минути, направете аеробен тренинг или истрчајте се во дворот, што и да одберете, ќе ви дојде добро. Единствено важно е да не си дозволите да се залежите и да не се помрднете од удобноста на фотелјата“, заклучил докторот.

Доктор од интензивна нега најпрецизно објаснил: Еве како еден човек успева на крај да зарази до 59.000 луѓе!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.