Доктор од интензивна нега најпрецизно објаснил: Еве како еден човек успева на крај да зарази до 59.000 луѓе!

Опасна синџирна реакција

Видеото за рекордно време стана вирално

Научниците досега веќе се обидуваа што попрецизно да ги објаснат клучните разлики меѓу грипот и коронавирусот, но сега, еден доктор од Одделението за интензивна нега, сликовито опишал во што лежи вистинската разлика.

Коронавирусот е многу позаразен одошто мислиме

„Ако добијам ’нормален’ грип, ќе заразам во просек околу 1,3 или 1,4 луѓе. Луѓето што го добиле грипот од мене, ќе го пренесат на други и така натаму. Кога тоа ќе се случи 10 пати, ќе бидам одговорен за 14 случаи на грип. Коронавирусот е многу заразен, па секој човек го пренесува на три други. Тоа сега не изгледа како голема разлика, но ако продолжи преносот од едно лице на друго, можам за кратко време да бидам одговорен за заразата на 59.000 луѓе. Повеќето луѓе ќе се чувствуваат малку лошо и ќе бидат добри, но ќе ја шират заразата наоколу. По неколкумина ќе се разболуваат на секои 10 дена и ќе мораат во болница. Додека се во болница, ќе потрошат ресурси и време, а други луѓе ќе се грижат за нив. Ако стигнат до интензивна нега, животот, ако сте критично болни, или се спасува или не“, објаснил доктор Хју Монтгомери на Твитер, а видеото со рекордна брзина стана вирално.

Докторот ја искористил приликата уште еднаш да ги предупреди сите луѓе:

„Ве молам, само сетете се, најдобрата шанса на луѓето што ќе се разболат можеме да им ја дадеме со доволно ресурси – ако имаме доволно кревети, доволно луѓе и опрема и да можеме да бидеме тука за вас. Ако сте неодговорни и мислите дека вам не може да ви наштети грипот, сетете се дека не станува збор за вас, туку за сите други“, заклучил експертот.

Неговото обраќање на Твитер е прегледано речиси 14 милиони пати, а го споделиле повеќе од 30.000 корисници.

Еве како ќе живееме по коронавирусот: Ништо веќе нема да биде исто!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.