4 универзални филови за торти: Со овие вкусови нема грешка!

Превкусни, а се прават за миг!

Чоколадо и цимет – кој не ја сака оваа комбинација?

Секако, секогаш најлесно е да стопите чоколадо и путер (количинскиот сооднос обично е 3:1 во грамови) и ќе добиете фил за торта, но зошто да не ги збогатите вкусовите?

Еве неколку идеи…

Цимет и крем-сирење

Овој фил за торти и колачи е многу едноставен, а богат со вкусови.

Состојки:

  • 230 г омекнато крем-сирење
  • 1/2 шолја (од 250 мл) шеќер во прав
  • 1/2 лажиче цимет
  • 1/4 шолја млеко

Измешајте ги сите состојки во сад и добро изматете со миксер. Чувајте го филот во фрижидер до употреба.

Кафе и путер

Овој фил исто така е збогатен со цимет, но она што му дава прекрасен вкусен е инстант-кафето.

Состојки:

  • 1 лажиче инстант-кафе во гранули
  • 1/2 лажиче цимет
  • малку сол
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 1/2 шолја омекнат путер
  • 3 шолји шеќер во прав
  • 1/3 шолја млеко

Ставете го кафето во сад и гмечете го со лажиче додека се претвори во прав. Измешајте цимет и сол. Во друг поголем сад матете го путерот со миксер додека омекне и стане воздушест, па додајте мешавина од кафе, цимет и сол, а на крајот и екстракт од ванила. Додавајте ги полека шеќерот во прав и млекото матејќи додека ја добиете посакуваната густина на филот.

Рум и чоколадо

Овој рецепт е погоден кога правите поголема количина на колачи.

Состојки:

  • 4 шолји слатка павлака
  • 1/4 шолја несолен путер
  • 1/4 шолја шеќер
  • 560 г чоколадо за готвење, исечкано или изрендано
  • 1/3 шолја рум
  • 2 лажички екстракт од ванила

Павлаката, путерот и шеќерот измешајте ги во тенџере, па загревајте ги на средна температура додека шеќерот се растопи и филот зоврие. Тргнете го од шпорет, додајте 560 г рендано чоколадо и мешајте додека се растопи. Додајте рум и ванила. Добро измешајте и чувајте го во фрижидер до употреба.

Наједноставниот чоколаден фил

Состојки:

  • 300 г квалитетно темно чоколадо, грубо исечкано
  • 100 г путер
  • 250 мл помасна павлака

Измешајте ги сите состојки, ставете ги на шпорет на ниска температура, загревајте мешајќи додека се соединат состојките и чоколадото и путерот се стопат. Тргнете го од шпорет, оставете го да се лади 5 минути. Ставете го во фрижидер. Кога филот целосно ќе се олади, пред користење извадете го од фрижидер и кратко матете го со електричен миксер.

Торта „Грета Гарбо“: Совршен десерт со три фила!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.