Торта „Грета Гарбо“: Совршен десерт со три фила!

Пробајте!

Превкусна, неодолива!

Состојки:

За корите:

  • 12 белки
  • 12 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 300 г мелени ореви

За првиот фил:

  • 120 г шеќер
  • 50 г путер или маргарин

За вториот фил:

  • 120 г чоколадо
  • 120 г путер или маргарин

За третиот фил:

  • 12 жолчки
  • 8 лажици шеќер
  • 1 дл млеко
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 250 г путер или маргарин
Приготвување:

Кори: Белките и шеќерот изматете ги во цврст снег, па додајте брашно и мелени ореви, полека мешајќи со лажица. Од смесата испечете 1 кора во голема тепсија од рерна, на 180 степени, 20-25 минути. Оладете ја печената кора и поделете ја на 3 еднакви дела.

Првиот фил: Шеќерот ставете го во тенџере на тивок оган да се стопи и кога ќе добие кафена боја, додајте путер во него и мешајте додека добиете мазна карамел смеса. Со таа врела смеса тенко премачкајте ги корите.

Вториот фил: Од чоколадото и путерот направете глазура и кога глазурата ќе се олади малку, премачакјте ја на сите три кори врз карамелата и оставете го чоколадото да се зацврсти.

Третиот фил: На пареа сварете жолчка, шеќер и млеко додека се згуснат. Во оладената смеса додајте изматен путер и сето тоа добро изматете го заедно. Со филот премачкајте ги сите три приготвени кори.

Украсете ја тортата со стопено чоколадо. Добар апетит!

Највкусната чоколадна торта со ореви: Традиционален десерт со кој нема грешка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.