Зошто нередот во домот привлекува несреќа: Чистењето на овие простории значи губење килограми, благосостојба на умот и телото

Вистина!

Постојат домови во кои нередот не е привремен

Во секој дом се случува да настапи неред, но тоа не значи дека таму живеат мрзеливи луѓе, туку дека тоа е привремена состојба на работа, предизвикана од недостиг на време.

За жал, во некои домови нередот е постојан. Кога ќе го спознаете тоа, време е да го вклучите алармот, бидејќи домот во кој нема ред секогаш ќе привлекува несреќа и проблеми.

Фенг шуи експертите за биоенергија, па дури и психолозите, тврдат дека нередот во домот значи и неред во главата!

Неред во ходникот

Секогаш треба да почнете со ходникот, бидејќи според правилата на фенг шуи, тој е централниот автопат на домот. Гужвата на тој пат честопати ја прават старите обувки, велосипеди, колички, облека и чадори. Нередот во ходникот значи дека во домот постојано ќе има караници, недостиг на пари, а домашните ќе сакаат да побегнат оттаму. Ако го фрлите ѓубрето, старите обувки, ако ги наредите јакните и чадорите, ги поправите велосипедите, ќе го прочистите патот за среќата и таа ќе тропне на вашата врата.

Неред во тоалетот

Не е ни чудо што велат дека тоалетот е лицето на жената што живее во домот.  А ако оваа просторија е валкана, на плочките има мувла, козметиката е расфрлана, пешкирите скинати, тоа значи дека кај домаќинката во домот може да се јави комплекс на пониска вредност. Кај жените што имаат нормална самопочит, кои се задоволни со себе и својот живот, тоалетот секогаш ќе блеска. Каква е ситуацијата во тоалетот наутро, таков ќе ви биде и денот. Колку повеќе неред имате во тоалетот толку повеќе скриени тајни има во вашиот живот. Чистиот тоалет значи дека ќе се ослободите од насобраната лутина и проблеми во животот.

Неред во кујната

Кујната е извор на изобилство, енергија и благосостојба, таа е срцето на домот. На крајот на краиштата, нашата состојба зависи од тоа што го јадеме, како и од расположението на оној што го приготвил јадењето. Ако кујната ви е полна со ѓубре, празни тегли, лименки, разни намирници на полиците, немојте да се изненадите што не можете да се ослободите од вишокот килограми. Исчистете ја кујната и во вашиот дом ќе влезе благосостојба. Како финансиска, така и емотивна. Храната треба да се приготвува во чист, пријатен и осветлен простор и дури тогаш ќе ви користи, а не наштетува.

Дневна соба

Оваа соба е лицето на домот, гостите се добредојдени во неа. Таа е одговорна за комуникација со остатокот од светот, таа е показател на тоа како пријателите и роднините го гледаат вашиот живот. Нередот во дневната соба ќе доведе до караници, недоразбирања помеѓу вас, роднините и пријателите. Таквите караници неизбежно ќе доведат до осаменост, отуѓеност и бескорисност. Дневната соба треба да привлекува добри луѓе во вашиот дом, а со нив и среќа. Колку повеќе светло има во дневната соба, тоа подобро.

Спална соба

Ова е најинтимното место во кое се создава вашата среќа. Нередот во оваа соба може да доведе до несоница, караници со саканата личност, проблеми во приватниот живот. Експертите советуваат да ги тргнете сите работи од спалната соба што не се директно поврзани со спиење и секс. Телевизорот и компјутерот се вишок во оваа просторија. Спалната соба треба да биде мирна и спокојна.

Внимавајте што внесувате во домот, особено што чувате со години. Не размислувајте премногу и ослободете се од ѓубрето. Исфрлете ги од домот оние работи што со години ги собирате и кои ве гушат. Спомените чувајте ги во главата, а не во предметите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.