Најмладата милијардерка го напушти таткото на својата ќерка

Проблеми во рајот?

Како што пренесуваат странските медиуми, Кајли Џенер и Тревис Скот ѝ ставија точка на својата врска.

Ријалити-милијардерката и популарниот рапер се заедно две години, а во февруари 2018 година ја добија ќеркичката Сторми. Но изгледа дошло време за разделба…

Кајли и Тревис не се видени заедно во јавност подолго од еден месец, односно од премиерата на неговиот документарец ‘Look mom, I can fly’ во август годинава. Тој ѝ се придружи на прославата на 22-от роденден, кога се обидоа да ги решат недоразбирањата, но не успеаја“, пренесува порталот TMZ.

Не сакаат официјално да соопштат дека раскинуваат, но моментално се разделени. Ова не е конечна одлука. Повторно се расправаат, но се сретнаа неколку пати изминатиов месец. Се расправаат за неболузни работи, а Кајли е понекогаш многу скептична. Од друга страна, Тревис е под стрес поради новите песни. Тој живее во својата куќа на Беверли Хилс и Кајлиму дозволува да ја гледа Сторми. Никогаш не би му го забранила тоа“, објаснува изворот.

Фото: Guliver/Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.