Принцот Хари стравува и не сака да молчи: „Ја загубив мајка ми, а и мојата сопруга стана жртва на истите сили“

Иако изгледа дека не им е потребна поддршка, искрено ја посакуваат

Војвотката од Сасекс Меган Маркл (38) тужи британски весник кој без дозвола ги објавил нејзините приватни писма, пренесуваат странските медиуми. На официјалната страница на кралската двојка, принцот Хари (34) објави изјава во која зборува дека неговата сопруга станала жртва на британските таблоиди и дека целото семејство многу тешко го поднесува тоа.

За жал, мојата сопруга е најновата жртва на нашите медиуми. Тие водат пропаганда против поединци, притоа воопшто не мислејќи на последиците – сето тоа ескалира во текот на овие години, особено за време на нејзината бременост и сега кога го одгледуваме нашиот син. Оваа сурова пропаганда со себе носи човечки животи, посебно кога знаеме дека е лажна и злонамерна, и покрај тоа што се обидуваме да останеме храбри. Не можам да опишам колку е болно тоа“, искрен беше принцот Хари.

Иако оваа наша постапка не е сигурна, сепак е правилна. Затоа што ми се појави најдлабокиот страв во историјата. Гледав што се случува кога некој што го сакам се доближува до точката кога веќе не го третираат како живо суштество. Ја загубив мајка ми, а ја гледам мојата сопруга како станува жртва на истите моќни сили“, изјави принцот Хари.

Кралската двојка излезе со обвинувања во јавноста за да ја стекне поддршката од луѓето.

Иако изгледа дека не ни е потребна поддршка, вистински ја посакуваме“, заклучи принцот.

 

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.