Зошто доаѓа до толку брз раст на заразени со коронавирус: Еве кој е виновен!

Жива вистина!

Прочитајте го текстот до крај, па кажете дали сме во право!

Една повозрасна жена секој ден одела во продавница, не купувала ништо. Шетала низ продавницата, ги допирала производите, со рацете минувала преку секоја векна леб, кивала, кашлала… Во екот на вирусот, продавачот не можел да го игнорира нејзиното однесување, па ја прашал зошто сега доаѓа во продавница кога експертите советуваат луѓето да се изолираат за да се спречи ширењето на вирусот.

Жената одговорила дека живеела сама и дека здравјето на другите луѓе не е нејзин проблем. Таа била огорчена на денешната младина, која е енергична и себична и би сакала и тие да видат како е да се биде болен и стар.

„Можеби тоа ќе им го дотера паметот“, рекла таа огорчено.

Секако, оваа жена не знаела дека е заразена со вирусот. Мислела дека тоа не може нејзе да и’ се случи, живеела сама дома, од кого би можела да се зарази? Само што не знаела дека некој пред неа ги допирал истите тие производи, некој кој го има вирусот, а ниту самиот не знаел.

Не се чувствувала добро, па отишла кај својот лекар за да и’ ја промени терапијата за притисокот, па така го заразила и докторот.

А потоа, истата таа жена отишла на фризер, бидејќи сакала да се чувствува подобро. Барала од младата жена да и’ ја промени бојата на коса. Тој процес траел два часа, а жената за тоа време кивала и кашлала, жалејќи се на настинка, алергија и слично.

Младата фризерка дома имала болно дете на кое, кога дошла дома, наместо играчки му донела вирус.

И така натаму…

Оваа приказна е измислена, но постои голема веројатност дека вакво нешто навистина се случило.

Вакви случаи има многу. Можеби кај нас, можеби во друга земја. Лицето многу добро знае дека е болно, можеби од обичен вирус, можеби тоа е само настинка или алергија… Но тоа лице излегува од дома, ги крши правилата, оди до продавница, аптека и слично. Можеби не знае за подобро? Можеби не ги разбира последиците? Можеби само е егоист кој заборава на другите луѓе?

Но себичност е себичност.

Не бидете себични, СЕДЕТЕ ДОМА!

Ако видите ваков човек, замолете го да се врати дома. Најверојатно ќе забележите знаци на агресија на лицето на тој човек, но подобро е добиете агресија од него, отколку вируси и микроби!

Сигурно ве интересира и дали смеете да одите на прошетка или џогирање за време на борбата против коронавирусот?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.