Цел ден сте дома со партнерот? Еве како да избегнете непотребни расправии

Корисни совети

Колку и да се сакате еден со друг, поминувањето 24 часа на ден со партнерот може да ја стави вашата врска во искушение.

Многумина ќе се соочат со различни предизвици во деновите што следат, а еден од нив секако ќе биде како да се избегнат непотребните расправии со партнерот.

Сè уште ви треба време за вас

Но запомнете, на вашиот партнер му е потребно истото. Ако се одлучи да оди во друга просторија за да прочита книга или да гледа филм сам, немојте да го сфаќајте тоа како напад врз вас или како сигнал дека нешто во вашата врска не е како што треба. Наместо да се жалите, одвојте време да го направите она што ве прави среќни.

Прочитајте и: Kога ќе ве изневери саканата личност: Еве како да го свртите тоа во ваша корист!

Војување околу домашните обврски

Ако, поради некоја причина, досега не сте го имале тој разговор, крајно време е да се договорите за доделување на домашните обврски. Колку побрзо ќе го сторите ова, толку се подобри вашите шанси да избегнете непотребни расправии.

Не заборавајте на спонтаност

Можеби сте навикнати да имате строг распоред, но сега е совршено време да се препуштите на спонтаност. Дури и ако спонтаноста не ви е во крвта, изненадете го партнерот со прегратка или бакнеж додека работи и кога тоа најмалку го очекува. Со тоа ќе се намалат нивоата на стрес и дополнително врзување (но, исто така, заборавете на чорапите што ги остави во дневната соба).

Начинот на кој партнерот ве држи за рака открива многу за вашата врска

Најдете ново заедничко хоби

Фактот дека сте скоро целосно осудени на вашите четири sида може да се искористи во ваша полза. Досега можеби сте оделе заедно во теретана и продолживте да вежбате дома, но ви недостасува уште нешто за да го исполните времето. Пронајдете друштвени игри што можете да ги играте заедно, а исто така можете да заедно да сложувате сложувалка или можеби да боите во боенка за возрасни. Сите овие активности ќе ве опуштат и дополнително ќе ве поврзат, а ваше е да ја пронајдете онаа што најмногу одговара на вашиот карактер.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.