Заспијте во рок од 2 минути: Проверен метод што се користи во војска!

Проверено дејствува!

Без разлика какви проблеми ве мачат, овој систем ќе ви помогне мирно да заспиете

Секој од нас има свои битки и неволји во животот. Недостигот од сон е една од нив, а тој е поврзан со стресот, недостигот на дневен ритам и емоционалните шокови што секојдневно ги доживуваме.

Сите добро знаеме колку е важен добриот сон, па затоа ви откриваме начин како да заспиете за две минути, кој се применува во американската војска.

Тајната на брзо опуштање и заспивање е опишана во книгата „Опуштете се и победете: совршен успех“, уште во 1981 година, но дури сега почна јавно да се зборува за овој метод и да го применуваат обичните луѓе. Методот што го опишува оваа книга се покажал како ефикасен во 96% случаи за 6 недели тестирање.

Овој метод подразбира свесно опуштање на мускулите, употреба на техники на дишење и визуализација. Следниве неколку чекори треба да ги преземете пред да заспиете. Нема да ви одземат повеќе од две минути.

  • Прв чекор: Опуштете ги сите мускули на лицето, вклучувајќи ги јазикот, вилицата и мускулите околу очите.
  • Втор чекор: Максимално опуштете ги рамената. Потоа, потполно опуштете ја десната, а потоа и левата рака.
  • Трет чекор: Издишете и опуштете го градниот кош. Потоа, опуштете ги нозете, почнувајќи од колковите, па сè до прстите на стапалата.
  • Четврти чекор: Претходните чекори се чинат едноставни, но сега следува нешто покомплицирано: обидете се да не мислите на ништо.

Поминете така 10 секунди, а потоа замислете си ги овие три слики, кои ќе ви помогнат да се опуштите и да не размислувате за ништо.

  • Прва слика: Лежите во чамец кој плови на езеро, додека околу вас нема ништо освен чисто небо над главата.
  • Втора слика: Лежите во висечка лулашка од црно кадифе во црна соба.
  • Трета слика: Повторувајте: Не размислувај, не размислувај, не размислувај… – 10, 20 секунди.
5 начини како да ја подготвите просторијата за спиење
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.