Кардиолог искрено: „Им ги забранив овие 9 намирници на луѓето што ги сакам!“

Важно е да знаете

Во Кина, каде што месото обично се пече или вари, срцевите заболувања се многу поретки, вели докторот

За да биде срцето здраво, многу е важно да внимавате на исхраната, на животниот стил и на навиките.

Пред сè, важно е да го исфрлите сето она што може штетно да влијае врз најважниот мускул во телото, а еден кардиолог открил кои 9 намирници им ги забранил на своите најблиски.

Помфрит

Сто грама пржени компири содржат 8 грама транс-масти, кои не се супстанција од природно потекло, туку производ на повеќекратно загревање на растителни масла. Транс-мастите го покачуваат холестеролот во крвта и така го зголемуваат ризикот од болести на кардиоваскуларниот систем.

Црвено и преработено месо

„Шницлите, меленото месо и сланината многу штетно влијаат врз срцето. Бактериите од системот за варење ги апсорбираат аминокиселините од црвеното месо, што покренува цел синџир на реакции кои на крајот го покачуваат нивото на холестерол и ризикот од срцеви болести“, вели кардиологот.

Пржена храна

Термичката обработка на висока температура создава големи количини на транс-масти, кои се еден од главните виновници за проблемите со срцето. Во Кина, каде што месото обично се пече или вари, срцевите заболувања се поретки.

Пица

Само едно парче содржи 10 г масти, од кои 4,4 г се заситени маснотии. Ако не можете да се откажете од пицата, ограничете се само на едно парче еднаш неделно и тоа нека биде пица од зеленчук.

Бел леб

Редовното консумирање храна богата со јаглехидрати, како белиот леб, го зголемува ризикот од срцеви болести. Високиот гликемиски индекс го подигнува нивото на шеќер во крвта, па врз основа на тоа, научниците се сомневаат дека ова е еден од честите први фактори што доведуваат до срцев удар.

Пченкарни снегулки

Станува збор за брзи јаглехидрати преполни со шеќери, кои прават инсулинот во телото да подивее.

Сол

Вишокот сол во телото предизвикува оштетување и затнување на крвните садови. Дневно, не би требало да изедете повеќе од 5 г сол (неполно лажиче).

Инстант-супи

Како и повеќето други преработени производи, инстант-супите содржат голема количина на сол, кои го зголемуваат ризикот од срцеви болести и мозочен удар, откриваат експерти. Луѓето што јадат инстант-супи 2-3 пати неделно се изложени на многу повисок ризик од кардиометаболички синдром, кој го зголемува ризикот од срцеви болести, дијабетес и мозочен удар.

Енергетски пијалаци

Сто милилитри енергетски пијалак содржи 30 мг кофеин. Ако испиете 300 мл, што е стандардно пакување, ќе внесете 90 мг кофеин, што е исто како да сте испиле 3-4 шолји еспресо. Олкава доза на кофеин може да предизвика тахикардија, а притоа, овој вид напивки никако не им се препорачува на луѓето што имаат проблеми со срцето.

7 намирници што го намалуваат лошиот холестерол
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.