5 начини како да ја подготвите просторијата за спиење

Нека спалната соба биде вашата оаза на мирот и релаксацијата.

Подготвувањето спална соба не е лесно како што звучи. Како што доаѓа ноќта, така и вашето тело работи во поинаков ритам, а темнината испраќа сигнали дека е време за одмор. Завесите за затемнување, исто така, покажуваат ефикасност во ова, особено за спречување на влегување на светлина во просторот за спиење.

Направете ја спалната соба соодветна за спиење

  • Д-р Мајкл Гранднер истакнува дека е корисно да се користи маска за очи. Тие се евтини, едноставни и навистина делуваат. Понекогаш тие се и најдобро решение за спиење, особено додека сте навикнати и ги користите малку подолго. Погледнете на маските за очи како нискотехнолошко решение за спиење.
  • Држете го телефонот подалеку од спалната соба. Колку и да ви изгледа невозможно, навистина обидете се да го сторите тоа. Особено поради светлината што ја има мобилниот телефон и со тоа се меша со спиењето и испраќа дезинформации до вашето тело, а исто така и поради тоа што мобилниот телефон може да предизвика стрес хормон кортизол, што дополнително го одложува сонот. Најдобар начин да се спротивстави на ова е да го држите подалеку од просторијата каде што спиете.
  • Кинески лекар и експерт за фенг шуи Цао-Лин Е. Мој препорачува да се стават бои како сина и сива на ѕидот на спалната соба што ќе ја забават енергијата на просторијата и ќе поттикнат релаксација.
  • Ако бојата на светлината во просторијата ве потсетува на природна дневна светлина, заменете ја со портокаловa и жолтa или со некое слабо светло што ќе биде удобно за спиење.
  • Нека спалната соба е секогаш просторија за спиење и одмор. Запалете ги свеќите, вклучете дифузор за мирис на масло и подгответе го вашето тело за спиење со овие мали вечерни ритуали.

Со мали нешта ќе направите многу за вашата околина во спалната соба и незаменливо е чувството кога тие работи ве исполнуваат духовно и психички и ви го даваат најдобриот сон досега.

Прочитајте и: Со овие навики до среден дом без многу мака

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.