Познатиот психолог Дејл Карнеги го знаел точниот рецепт за среќа: Овие совети ќе ви го променат животот од корен!

Прочитајте

Добро запомнете ги овие зборови

Писателот, психологот и педагогот Дејл Карнеги размислувал и живеел според принципот „во светот нема лоши луѓе“. Постојат само непријатни околности што лесно може да се изменат. Доволно е само да го промените вашиот однос кон нив. Па затоа, не треба да си го расипувате животот и расположението на околината поради непријатните околности.

Никој не останал рамнодушен на неговите совети, па навистина вреди да ги прочитате и примените:

1. Стравот постои само во вашиот ум, никаде на друго место.

2. Однесувај се како да си среќен и ќе станеш посреќен.

3. Секој човек е будала барем пет минути дневно. Вистинската мудрост се сведува на тоа да не се пречекори тој временски лимит.

4. Ако судбината ти подари лимон, направи лимонада од него.

5. Научете да се ставите во положбата на другиот човек и да разберете што му е потребно нему, а не вам. Целиот свет ќе биде покрај оној што ќе успее да го направи тоа.

6. Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на светот и еден од најефективните.

7. Ако посакате да промените некого, почнете од себе. Тоа е покорисно и побезопасно.

8. Замислете си ги најлошите последици што може да ги предизвика ваша постапка, однапред помирете се со нив, па потоа дејствувајте.

9. Насмевката не чини ништо, а многу вреди.

10. Многумина бараат доктор кога им треба публика.

11. Луѓето не ги интересираме ниту јас, ниту вие. Наутро, напладне и навечер, тие се занимаваат само со самите себе.

12. Кога човек ќе започне војна против самиот себе, тој веќе почнува да вреди нешто.

13. Јасно е дека вашиот сопруг има недостатоци, но да бил светец, никогаш не би ве оженил.

9 лекции на Конфучиј што ќе ви го сменат животот: Мудрости што се паметат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.