Таа била најбогатата жена во Шпанија и скандал-мајстор во кралското семејство: Никогаш не ѝ го простиле ова!

Неверојатно

Марија дел Росарио Кајетана Фиц-Џејмс Стјуарт де Силва или едноставно војвотката од Алба, била ексцентрик. И покрај необичниот изглед – сите ја сакале

Марија дел Росарио Кајетана Фиц-Џејмс Стјуарт де Силва била единствената ќерка на 17-от војвода од Алба, Јакоб Фиц-Џејмс Стјуарт. Нејзиниот татко имал 42 години кога се оженил со 20-годишната маркиза од Сан Винсенте, Марија дел Росарио. По 6 години брак, таа ја родила Кајетана во 1926 година, а војводата сонувал за машки наследник. Меѓутоа, маркизата се разболела од туберкулоза, поради што починала во 1934 година. За да ја заштити ќерка ѝ, маркизата Марија не дозволувала Кајетана да ѝ се приближува, па детето речиси и не ја запамтило мајка си.

Ви носиме 10 интересни факти за војвотката од Алба:

1. Според Гинисовата книга на рекорди го држела светскиот рекорд за најмногу аристократски титули, вкупно 49. Седум пати била војвотка, 19 пати грофица и 23 пати маркиза.

2. Таа била потомок на кралот Јаков Втори и далечна роднина на сегашниот британски монарх, Елизабета Втора и Винстон Черчил.

3. Им била пријателка на славни личности и на членови на кралското семејство. Била позната по тоа што ги угостила Одри Хепберн и Џеки Кенеди за време на нивните посети на Шпанија и по тоа што му ја дала својата мадридска палата на Ив Сен Лорен за да одржи ревија на Диор во 1959 година.

4. Војвотката од Алба поседувала неверојатна колекција на уметнички дела и артефакти, вклучувајќи и слика од Гоја и Веласкез, првото издание на Дон Кихот и првата карта од Америка на Колумбо.

5. Првиот брак на војвотката со поморскиот офицер дон Педро Луис Мартинес де Ирујо, „Њујорк Тајмс“ го опишал како „најразработениот општествен настан во Шпанија од крајот на монархијата“. Носела дијамантска дијадема, која некогаш била во сопствеништво на сопругата на Наполеон Трети, додека нејзината венчаница била многу слична на онаа што ја носела војвотката од Кембриџ во 2011.

6. Војвотката од Алба била една од најбогатите аристократи во Европа, а „Форбс“ го проценил на 2,8 милијарда евра.

7. Некогаш позната по својата убавина, се прочуло дека ја одбила можноста да му биде муза на Пикасо.

8. Иако се мажела три пати, нејзиниот последен брак била вистинска сензација кога се омажила за Алфонсо Диего Карбантес, државен службеник 25 години помлад од неа.

9. Се обидела да ја сочува својата младост со бројни пластични операции кои сосема го уништиле нејзиното лице.

10. Се облекувала крајно ексцентрично (интензивни бои, мрежести чорапи, јака шминка).

И била подготвена да се откаже од своето големо богатство за да биде среќна!

Аристократска убавина: Ова е внуката на славната принцеза Дајана (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.