За само неколку минути: Како да ја исчистите подлогата за вежбање?

Брзо и ефикасно

Во последниот период вежбаме дома почесто од вообичаенотозатоа е неопходно да се обрне внимание на чистотата на опремата што ја користиме, особено подлогите за вежбање.

Кога вежбаме и користиме подлога, без разлика дали станува збор за јога, пилатес или аеробик неизбежно се потиме, а клетките на нашата кожа паѓаат, како и прашина од околината.

Фреквенцијата на чистење на подлогата за вежбање зависи од видот и интензитетот на вежбање. Ако правиме само полесни вежби, доволно е да се чисти само еднаш неделно, но ако станува збор за интензивни вежби за време на кои видливо се потиме, чистењето треба да биде многу почесто.

Исто така, треба да се земе предвид квалитетот на материјалот на подлогата. Ако лесно апсорбира и задржува непријатни мириси, чистењето е уште понеопходно.

Кој е најлесниот начин за чистење на подлога за вежбање?

Иако има и професионални средства за чистење на спортски подлоги и душеци, многу лесно можете тоа да го направите сами, со состојки кои веќе ги имате во домот.

Едноставно измешајте неколку капки благо средство за миење садови со 400 мл вода, ставете го во шише со спреј, измешајте и испрскајте ја подлогата. Избришете ја со мека влажна крпа за да го отстраните остатокот и оставете ја да се исуши на балконот или префрлена преку вратата од туш-кабината.

Ако подлогата не сте ја исчистиле со месеци, ќе треба малку повеќе внимание за длабоко чистење и пред сè, погледнете ги упатствата што доаѓаат со неа. Можете исто така да проверите на веб-страницата на производителот. Некои од нив може да се стават во машина за перење, додека на другите им треба само потемелно четкање.

Откако ќе завршите, не заборавајте да бидете сигурни дека подлогата е целосно сува пред да ја соберете. Осигурете се дека не е изложена на директна сончева светлина за време на сушењето, особено ако често ја чистите заради интензивно вежбање, затоа што може да се изгуби бојата.

Дополнителен совет: Ако имате малку сода бикарбона во кујната, можете да ја искористите за да се ослободите од непријатните мириси од подлогата за вежбање. Истурете сода по целата површина, оставете ја 30 минути и потоа нежно исплакнете. Сода бикарбоната ќе ги впие маснотиите, мирисите и сите другите нечистотии.

Прочитајте и: Домашен тренинг: Вежби со мала пилатес топка за стомак и задник

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.