Пандемијата на коронавирусот има големо влијание врз менструалниот циклус

Не грижете се

Пандемијата предизвика поголем стрес од кога било досега – дури и ако не сте свесни за тоа. Овој постојан, темелен стрес, исто така, може да влијае на вашето физичко здравје.

Меѓу другото, може негативно да влијае на вашиот менструален циклус, до неправилна менструација и многу други несакани ефекти. Се разбира, промените можат да бидат различни – предвремена менструација, болка и промени во интензитетот на крварење.

Сара Толер, доктор и авторка на апликацијата за женско здравје „Clue”, зборуваше за ова. Како што објасни таа, „прекумерното ослободување на кортизол, хормон на стрес, може да ги потисне нормалните нивоа на репродуктивни хормони, потенцијално да доведат до абнормална овулација, што може да ви го наруши циклусот“.

Стресот може да предизвика неправилности, болка, па дури и целосно да го запре циклусот. Аменореа, отсуство на менструација, е познато дека се случува кога некој доживува трауматски настан, додаде Толер. Секојдневниот стрес може да влијае на тоа колку трае вашиот циклус.

Но, важно е да се потенцира дека виновникот за промени во вашиот циклус не е самиот коронавирус или самоизолацијата, туку стресот.

„Имајте на ум дека стресот е најверојатно виновникот за какви било промени во вашиот циклус што ги забележувате, а не самиот коронавирус“, објасни Толер.

Покрај тоа, жените истакнаа дека сега се почесто се соочуваат со дисменореја – болна менструација и се верува дека еден од главните предизвикувачи за неа во моментот е стресот предизвикан од пандемијата.

„Дури и ако сè уште не сте почувствувале некоја од овие промени во менструалниот циклус, сепак постои шанса да ги искусите“, вели д-р Толер, која истакнува дека ефектите од стресот најчесто се забележуваат само во подоцнежните циклуси.

Прочитајте и: Отсуството на менструација може да се случи од многу причини

 

ФОТО: Pexels

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.