Тешко ви е да заспиете? Оваа едноставна техника на дишење ќе ви помогне да ја победите несоницата

Постојат неколку работи што можат да нè исфрлат од такт, а една од нив е дефинитивно неможноста да потонеме во сон. Нашите фрустрации се зголемуваат кога сме уморни од напорниот ден или ако утре нè чека еден таков ден.

Знаејќи дека утре ќе имаме многу обврски, тежок испит или важна презентација, се обидуваме насилно да постигнеме состојба на замор и релаксација, но истовремено знаеме дека патот до нашата цел е долг и тежок за достигнување. Во овие моменти, техниките за смирување на умот и за олеснување на заспивањето секогаш ви се корисни.

Д-р Џо, лиценциран физиотерапевт и доктор за физикална терапија, позната во светот по својот популарен канал на „Јутјуб“, кој го следат повеќе од милион и пол луѓе, објасни во едно од нејзините видеа едноставна тактика што им ја препорачува на сите нејзини пациенти кои имаат проблем со несоница.

Таа ја нарекува својата тактика, која може да се опише како техника за дишење, техника 4-7-8 и се изведува со вдишување 4 секунди, задржување на здивот 7 секунди и издишување 8 секунди.

Вдишете нормално и полека низ ноздрите 4 секунди, а потоа задржете го здивот 7 секунди. Потоа издишете ги со стегање на усните и испуштање на воздухот како да свиркате. Издишувањето треба да трае 8 секунди, но ако не можете да издишувате толку долго, направете го онолку колку што можете“, вели д-р Џо во своето видео.

Таа додава дека на почетокот ќе можете да изведувате помеѓу 2 и 4 повторувања, но со вежбање ќе достигнете 8, што е доволно за да заспиете. Отпрвин, оваа техника може да биде тешка и комплицирана за изведување.

Но наскоро ќе се навикнете и ќе се убедите дека тоа е навистина добра алатка за борба против несоницата.

Прочитајте и: 5 чекори што ќе ви овозможат да спиете доволно секоја вечер

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.