Таа секоја недела ја чисти куќата со сол: Кога ќе дознаете зошто и вие ќе го направите истото!

Древен ритуал

Дајте му на вашиот дом добра и позитивна енергија која ќе им донесе здравје и напредок на домашните

Чистите и избришани подови не се само најдобриот начин да се ослободите од прашинките и бактериите, туку и за да создадете пријатна и здрава атмосфера во станот. Ништо помалку не е важна ни енергијата во домот, која исто така треба одвреме-навреме да се обнови.

Затоа се практикува древниот ритуал на чистење подови со сол.

Солта ќе направи да исчезне прашината од подот, но исто така ќе обезбедите добра аура во просториите, особено ако време е во домот да се вратат мирот, среќата и благосостојбата.

Зошто треба да го исчистите домот со сол?

Миењето на подовите со додаток на обична кујнска сол е потребно кога:

  • Децата често страдаат од настинки
  • Постојано ве мачи несоница или лоши соништа
  • Собните растенија лошо растат или овенуваат
  • Електричните уреди често се расипуваат
  • Неодамна некој починал во станот
  • Постојано немате доволно пари
  • Работите одеднаш исчезнуваат

Исто така, време е да се исчистат подовите со сол кога семејните односи меѓу мажот и жената се влошуваат, децата престануваат да слушаат, домашните миленици умираат или бегаат.

Пред да го почнете ритуалот на чистење подови со сол, од домот мора да го фрлите ѓубрето и сите непотребни работи што го гушат просторот. Се смета дека работите што не се користат долго време привлекуваат негативна енергија. Тоа го спречува влезот на среќа и просперитет во домот. Исто така, крајно време е да се ослободите од старата гардероба, обувки, скршени предмети, скинати чорапи и слично.

Исперете ги завесите и измијте ги прозорите, тоа ќе ви помогне да го согледате животот на нов начин и да ги забележите работите на кои не сте обрнувале внимание.

Исчистете ја рерната и секогаш чувајте ја уредна, бидејќи таа е богатството во домот.

Секогаш чистете со позитивен став, замислувајќи си дека со ѓубрето и нечистотиите од домот ги исфрлате и болестите, сиромаштијата и проблемите.

Правила на чистење на домот со сол

  • Во канта сипете 10 литри вода и 1 лажица обична кујнска сол. Потоа отворете ги прозорците, бидејќи тоа ќе ја овозможи замената на енергијата: лошата ќе излезе, добрата енергија ќе влезе.
  • Намокрете крпа, па добро исцедете ја во кантата со вода и сол, па потоа пребришете ги внимателно сите површини како што се полиците, столовите, електричните уреди, бравите, вратите и слично.
  • Истурете ја кантата со вода низ домот, па добро пребришете ги подовите, Ако имате теписи, посипете ги со сол, оставете ги да отстојат околу половина час, па поминете со правосмукалка.
  • Водата што ќе остане во кантата мора да се истури во канализација или на земја далеку од домот.
  • Солта што ќе ја користите за чистење купете ја специјално за таа намена и никогаш немојте да ја користите за посолување храна.
  • По чистењето, соблечете ја сета облека од себе, исперете ја, па и вие истуширајте се.

Бидете сигурни дека овој ритуал ќе ја исфрли негативната енергија од вашиот дом. Ако не можете да го спроведувате овој ритуал еднаш неделно, правете го тоа еднаш месечно. Во водата можете да додадете и неколку капки од омиленото етерично масло.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.