Старите бели патики ќе заблескаат како потполно нови: Проверен трик што го гарантираат милион луѓе!

Немате што да изгубите

Ќе ви треба само малку паста за заби

Кога летото ќе затропа на врата, пар снежнобели патики е сѐ што ви треба за официјално да ја затворите сезоната на чизми и јакни. Но лошата страна на белите обувки е тоа што неверојатно брзо и лесно се валкаат.

Иако на пазарот постои голема понуда на производи за избелување и отстранување дамки, тие не успеваат сосема да ја извадат секоја трага од кал и нечистотии. Пред да ги фрлите вашите бели патики во ѓубре, бидејќи изгледаат сиво и неугледно, пробајте го овој трик со паста за заби.

Една жена го покажала овој трик на дело – на четка ставила обична паста за заби и ги затрила своите некогаш бели патики, а резултатите ја воодушевиле. Повторно заблескале како нови!

Пред третманот со паста за заби, ги потопила патиките во топла вода со малку детергент за облека. Потоа, целата површина на патиките ја премачкала со паста за заби. Притоа, советува дека ќе постигнете подобар резултат ако користите паста за избелување заби. Воопшто не употребувајте обоена паста, бидејќи може да ви остави дамки на обувките.

https://www.youtube.com/watch?v=0_Qk5oEewf4

Во што е тајната на трикот со пастата за заби?

Повеќето од пастите содржат сода бикарбона, која дејствува како абразив и помага да се отстранат дамките, исто како што го прават тоа и со вашите заби. По третманот со паста, оваа жена ги потопила своите патики во канта со избелувач и ги оставила така шест часа. На крајот ги испрала во машина за алишта за завршен ефект.

Трик што го воодушеви целиот Интернет: Еве како практично да ги искористите старите пластични шишиња! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.