„Се’ повеќе читам книги, а се’ помалку бришам прашина“: Мудроста на оваа жена ќе ве освести!

Задолжително прочитајте!

Една старица и’ напишала писмо на својата пријателка што мора да го прочитате

„Драга моја,

Се’ повеќе читам, а се’ помалку бришам прашина. Седам во дворот и уживам во погледот без да се грижам за плевелот во градината. Целото време го поминувам со семејството и пријателите, а помалку време трошам на домашни обврски.

Животот мора да се живее, а не да се издржува. Сега се обидувам да го сфатам тоа и да го ценам.

Ништо повеќе не чувам: секојдневно го користам мојот добар порцелан и кристалните чаши. Го носам мојот „блејзер за во град“ и кога одам на пазар или до продавница. Се прскам со скапи парфеми што цел живот ги чував. Повеќе не ме интересира дали имам вишок килограми или дали мијалникот во домот ми е чист.

Зборовите „еден ден“ повеќе не постојат во мојот речник. Ако нешто вреди да се слушне или направи, се обидувам тоа да го слушнам или направам веднаш.

Не сум сигурна што би правеле другите кога би знаеле дека утре нема да бидат повеќе тука, бидејќи сите тоа го сфаќаме полека. Мислам дека тогаш би им се јавиле на членовите од семејството или на блиските пријатели. Можеби би им се јавиле и на поранешните пријатели за да им се извинат, да ја обноват врската…

Сакам да мислам дека би отишле некаде на палачинки или на некоја друга омилена храна и би уживале.

Мислам дека никогаш нема да го знам тоа. Ова не се ситници и би се налутила кога моето време би истекло, без да направам се’ што сакам.

Бев бесна што никогаш не сум им јавила на некои луѓе, мислејќи дека има време.

Бев лута што не им кажував на родителите, децата и сопругот почесто колку ги сакам.

Драга моја, деновиве се обидувам да не одложувам ништо што би можело да предизвика насмевка на моето лице и сјај во животот. Секој ден е посебен. Секоја минута, секој здив е подарок.

Животот не може да постојано да биде забава, но додека сме тука, можеме барем да танцуваме!“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.