Телото, душата и умот се во нераскинлива врска: Овие физички болки укажуваат на сериозни емоционални проблеми!

Воспоставете рамнотежа во животот

Не е никакво изненадување тоа што некои душевни проблеми се манифестираат преку физички болки

Современата медицина активно го проучува овој факт, а досега многу истражувања докажале дека болките како што се мигрените, болките во грбот или рамената, па дури и губењето желба за секс, се во директна врска со емоциите како што се тагата и разочарувањето.

Еве на кои емоционални проблеми може да укажуваат најчестите болки…

Главоболка и мигрена

Умот што е полн со негативни или вознемирувачки мисли може да предизвикаат појава на главоболка. Обидете се да ги разбистрите мислите и не грижете се премногу. Докторите препорачуваат редовно да практикувате медитација.

Болка во вратот

Напнатоста предизвикува болки во вратот. Тврдоглавоста и неспособноста да му простите некому може да бидат причина за овие болки.

Болка во рамената

Доколку сте си презеле премногу должности и обврски со кои не можете да се справите, може да ви се јават овие болки. Поставете граници и не дозволувајте луѓето секогаш да очекуваат дека ќе ги исполнувате нивните желби.

Болка во горниот дел на грбот

Оваа болка е предизвикана од осаменоста и чувството на отфрленост. Сакате да љубите и да бидете сакани, но нешто ја спречува вашата комуникација со другите луѓе и тоа ве прави интровертни, понекогаш дури и агресивни. Обидете се да го отворите вашето срце и да создадете искрен, топол однос со луѓето што ве опкружуваат.

Болка во долниот дел од грбот

Болката во овој предел настанува поради финансиски проблеми или проблеми на работа. Ова може да укажува на потреба од промени на професионален план.

Болка во лактите и колената

Овие делови од телото се поврзани со неподготвеноста на човекот за животни промени. Болката во лактите и колената укажува на неспособност за прилагодување. Мора да научите да правите компромиси и да бидете флексибилни. Прилагодувањето на нови услови е знак на интелигенција.

Болка во карлицата

Овие болки укажуваат на проблеми во емоционалниот однос со партнерот.

Воспалено грло

Ако не постои логично објаснување за отечено грло, како што е настинката или алергиите, причината можеби се крие во чувството на горчина и разочарување. Обидете се да бидете благодарни. Непријатните емоции можат да ви го уништат животот.

Иако причината за сите наведени болки може да лежи во емоционалните тегоби, многу е важно најпрво да посетите доктор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.