Прескокнувањето на вечерата не е препорачливо, особено ако слабеете

Еве зошто!

Прескокнувањето на вечерата, ако сакате да се ослободите од вишокот килограми или едноставно сте преморени за да си приготвите нешто за јадење, според стручњаците, не е паметна одлука.

Ако не јадете ништо пред да си легнете, поради чувството на глад може да се случи тешко или воопшто да не можете да заспиете или, пак, да ви се наруши сонот.

А недостигот од сон или ако тој е неквалитетен, може да предизвика стрес за вашиот организам.
Ако не сте наспани, може да се случи во текот на денот да сте нервозни и без енергија. Понекогаш недостигот од енергија не може да се надомести ниту со најквалитетен појадок, а може да доведе до забавен метаболизам.

Затоа потрудете се да вечерате здраво, а тоа значи два-три часа пред да си легнете. Храната нека биде лесно и брзо сварлива (житни снегулки, чаша млеко, едно јаболко, тост со мед, овошен јогурт).

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.