Новиот „Руски доктор“ излезе во продажба: А во него ќе читате…

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели!

Драги наши, ние и овој пат се потрудивме да одгатнеме многу нешта во служба на здравјето. А секој од нас може и, пред сѐ, треба да се потруди организмот да му работи како часовник, за да може безгрижно да им се препушти на секојдневните прави чуда во својот мал свет.

Во продажба е новиот број, за мај/јуни, на двомесечникот „Руски доктор“, омиленото специјализирано списание за унапредување на здравјето и благосостојбата кај нас и во регионот!

Уредничката на изданието, Сузана Митревска, ви открива што ќе можете да прочитате во него!

Зад нас се кратките зимски денови, периодот на големите празнични гозби и долгиот велигденски пост, но, за жал, сѐ уште се тука заканите од коронавирусот, со сите ограничувања што ни ги наметна во нашето секојдневие. Сите ние променивме нешто во својата вообичаена динамика, едноставно животот ни стана побавен, помалку се движиме, повеќе се нервираме, ни недостига нашата безгрижност“, вели Сузана во почетокот на својот уводник, и додава:

„Сѐ поприсутниот стрес и животот со малку движење го земаат својот данок – се одразуваат на здравјето.

Како последица на сето тоа може да дојде и до мрзливи црева, а нашиот народ рекол: ако болат цревата, страда целиот организам.

Токму затоа мрзливите црева се главна тема во овој број, а нашите руски стручни соработници откриваат зошто цревата стануваат мрзливи и како да ги натераме да работат, што е штетно, а што не, но и некои корисни навики и народни лекови, за да се активира варењето кога е на пауза.

Големо внимание му посветуваме и на ревматизмот, за кој Русите нудат цел арсенал масти, одвари и чаеви што ја ублажуваат болката, ја уништуваат инфекцијата и ја зголемуваат општата отпорност на организмот.

Се осврнуваме и на алергиите, главоболките, ковид-кашлицата, како и на анксиозноста и гихтот и на уште многу други актуелни состојби токму во овој период. Никако не смееме да ја заборавиме и водата – откриваме сѐ за феноменот силициумска вода. На крајот на краиштата, какво гориво ќе наточиш, така и ќе возиш!

Драги наши, ние и овој пат се потрудивме да одгатнеме многу нешта во служба на здравјето. А секој од нас може и, пред сѐ, треба да се потруди организмот да му работи како часовник, за да може безгрижно да им се препушти на секојдневните прави чуда во својот мал свет“, заклучува уредничката на „Руски доктор“ во уводникот, а вие во продолжение, ѕирнете ја содржината на новиот број:

СОДРЖИНА, мај/јуни 2021

Со кромид против воспаление на синусите

Природни лекови против пролетните алергии

Чудесно топче против главоболка

Зголемени лимфни жлезди: Важно е да се реагира навреме

Мрзливи црева: што да правите

Хемороиди или анални пукнатини?

Билки во случај на лупус и анемија

Со ревматизмот нема шега

Веќе не ми зуи во главата

Десет факти за катарактата што ќе ве изненадат

Квантната медицина и имунитетот

Казнете го детето, но без да му наштетите

Феноменот силициумска вода

Како да се справите со анксиозноста?

Сурутка: чудесен еликсир

Враснат нокт? Тоа е минато

Три мита за оцетот

Лененото семе прави чуда!

Пост во корист на здравјето

Прости јаглехидрати: Како и колку да се јадат за време на диета

Физалис: Лековити „кинески фенерчиња“

Билки адстрингенти – лековити „стеснувачи“ на крвните садови

Летот на Гагарин кон ѕвездите

Текст: Руски доктор

Фото: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.