Како да ги отстраните сите бактерии и пестициди од јагодите, малините и другото зрнесто овошје: Единствениот сигурен начин!

Внимавајте

Нив не можеме убаво да ги истриеме со раце како јаболката и праските

Овошјето што го купуваме во супермаркети и на пазар може да биде полно со бактерии, па погрижете се добро да го измиете пред консумирање.

Најпрво, пред да го земете овошјето во раце, измијте ги рацете. Нема смисла да го миете овошјето ако на него повторно ги пренесете бактериите од рацете.

Потоа, на ред доаѓа самото миење на овошјето. Под млаз вода нежно истријте ги плодовите, а можете да се послужите и со чист сунѓер на кој нема да сипувате детергент. Треба да ги измиете дури и портокалите кои се со лушпа, бидејќи лесно можете да ја пренесете нечистотијата од кората на овошјето што го јадете на рацете.

Ситно овошје

Јагодите, малините, зрната грозје и другото зрнесто овошје најтешко е да се измијат, бидејќи поради нивната мекост не можеме убаво да ги истриеме со рацете како јаболката, праските и слично.

Алкохолниот оцет е одличен за убивање на сите штетни микроби на овошјето. Содата бикарбона, поради својот состав, е добро средство за извлекување штетни токсини од овошјето, што го потврдило и ново истражување на Универзитетот во Масачусетс.

Овошјето прво се става во оцет дваесеттина минути. Потоа, може малку да се исплакне и да се остави во раствор од сода бикарбона и вода барем половина час, а потоа да се измие со чиста вода.

Како да се заштитите од пестициди во рано овошје и зеленчук?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.