Овде вирусот најдолго се задржува: Дезинфекцијата на овие површини 3 пати дневно е задолжителна!

Заштитни мерки

Резултатите од најновото истражување покажале дека на некои површини вирусот може да се задржи и до неколку дена

Лекарите дошле до заклучок дека коронавирусот има слична способност за преживување надвор од телото како и неговиот претходник што предизвикал САРС.

Резултатите од истражувањата спроведени во Америка покажале дека на одредени површини вирусот може да се задржи и до неколку часа, па неопходно е што почесто да се дезинфицираат.

Утврдено е дека новиот коронавирус на бакар се задржува и до 4 часа, на пластика и на челик што не ’рѓосува два до три дена, а на картон до 24 часа.

Најподложните места за задржување на вирусот се екраните на телефоните, компјутерите, тастатурите, кваките, мебелот, пластичните делови во автомобилот, како и клучевите.

Исто така, не се препорачува носење накит, а особено прстени и алки, бидејќи не овозможуваат доволно добро миење на рацете. Имено, истражувањето спроведено на Универзитет во Џорџија покажало дека лицата што носат накит не можат доволно добро да одржуваат хигиена, бидејќи кожата под накитот останува заштитена од дезинфекцијата и станува идеално место за развој на бактерии.

Научниците велат дека најпаметно е да ги избришете најподложните површини со асепсол или со вода и течен сапун веднаш штом влезете дома, а ако е возможно и три пати дневно за да се сопре ширењето на вирусот.

На облеката и другите површини што потешко е да се дезинфицираат, се’ уште не е јасно колку долго може да преживее вирусот. Иако се’ уште се прават тие тестови, познато е дека природните влакна предизвикуваат брзо сушење на вирусот.

Одбегнувајте да носите синтетички влакна, бидејќи тие се најмалку безбедни.

Чистење на тоалетот за време на епидемија: Три работи на кои особено треба да внимавате

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.