Дали кучињата и мачките можат да нè заразат со коронавирус: Ако имате домашно милениче, мора да преземете некои мерки!

Дознајте!

Важни информации за сопствениците на домашни миленици

Појавата на коронавирус предизвика паника меѓу луѓето ширум светот. За да се заштитиме можеме само да се придржуваме до препорачаните превентивни мерки и да ја намалиме можноста за зараза.

Се поставува прашањето: дали домашните миленици можат да им пренесат коронавирус на луѓето и кои мерки треба да се преземат?

Коронавирусот претставува група вируси што можат да предизвикаат повеќе различни болести кај сите цицачи, птици и влекачи, но тоа не важи за кучињата и мачките.

Домашните миленици не можат да им го пренесат овој вирус на луѓето. Некои научници тврдат дека сопствениците на кучиња имаат посилен имунитет од луѓето што немаат домашен миленик.

Кучињата и мачките можат да се заразат со коронавирус, но тоа не е истиот тип што се поврзува со моменталната епидемија. Кучињата и мачките заболуваат, па дури и умираат од корона, но тоа не е истиот вид. Тој дури може и да биде поинаков кај кучињата во однос на мачките.

Исто така, ветеринар од Хонгконг, Џејн Греј, објаснува дека во овој стресен период добро е да се има миленик дома.

„Кучињата и мачките помагаат да се намали високиот крвен притисок кај луѓето и го ублажуваат стресот, а штом се јави стрес, имунитетот слабее“, образложил Греј.

Секогаш треба да имате предвид и дека еволуцијата не е конечна и дека секогаш е возможно пробивањето на бариерата на видовите и преминувањето на вирусот КОВИД-19 од човек или некое друго животно на куче или мачка.

Од оваа причина, би требало да ја зголемите хигиената по секоја прошетка, а на мачките што повремено излегуваат надвор без контрола, да им го забраните излезот.

Сопствениците на домашни миленици треба постојано да бидат информирани за новите научни сознанија.

Дали знаете каде вирусот најдолго се задржува? Дезинфекцијата на овие површини 3 пати дневно е задолжителна!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.