Неверојатно: Дали знаете што сè можете да направите со лажица кујнска сол?

Пробајте!

Еве на кои начини можете да ја примените кујнската сол

Прочитајте за што може да ви послужи кујнската сол..

Нега на телото

Солта е одлична за правење маски и пилинзи за тело и за лице. Освен што ги негува телото и лицето, солта е добра и за нега на коса.

Чистење накит со сол

Во 200 мл вода ставете супена лажица сол. Промешајте, па во таа вода ставете парче накит. Оставете го да отстои малку, а потоа измијте го.

Миење прозорци

Земете 3 л вода, загрејте ја, а потоа додајте 2 или 3 лажици обична кујнска сол. Со овој раствор исчистете ги прозорците, а потоа пребришете ги со сува крпа. Резултатот е стакла без дамки.

Апсорбира мириси

Ако бојосувате или фарбате столарија, за да го спречите силниот мирис на бојата, среде собата ставете чинија полна со сол. Солта ќе ги впие мирисите. Исто така, може да се користи и за отстранување непријатни миризби од фрижидерот.

Чистење одвод во мијалник

Во одводот сипете сол, а потоа врела вода. Овој метод помага да се одблокира затнатиот одвод.

Испотени стапала

Во 5 л топла вода ставете 2 лажици сол. Ставете ги нозете во овој раствор и држете ги 15 минути. Потоа, исушете ги стапалата и намачкајте ги со хидратантен крем.

Го олеснува острењето ножеви

Пред да почнете да острите ножеви, ставете ги во високо концентриран раствор на сол.

Отстранува дамки од облеката

Кога ќе отстранувате дамки од облеката, ставете малку сол на дамката, протријте, а потоа исперете ја облеката. Ако сакате да ја избелите облеката, ставете малку сол во машината за перење алишта.

Таа секоја недела ја чисти куќата со сол: Кога ќе дознаете зошто и вие ќе го направите истото!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.