Тест од 5 секунди: Вака веднаш ќе проверите дали месото е свежо или не!

Брзо и едноставно

Дознајте како да го одбегнете месото што може да биде опасно по здравје

Месото во маркетите пристигнува во разни облици и не е секогаш лесно да се препознае кое е свежо и квалитетно, а тоа особено се однесува на меленото.

Покрај информациите на пакувањето, треба да се обрне внимание и на изгледот на месото.

„Иако многу луѓе мислат дека тоа е нездраво, маснотиите даваат многу од аромата на месото“, вели Елизабет Роесике од германскиот земјоделски центар.

Квалитетното месо мора да има малку масти во мускулните делови, а тоа се гледа по белите линии што потсетуваат на вени, со кои е прошарано месото.

Освен тоа, во спакуваното месо не смее да има вода. Пред да го ставите во замрзнувач, добро погледнете го.

Боја

Идеалната боја зависи од видот на месото. Телешкото мора да биде светло, никако бело. Истото тоа важи и за живината. Правилната боја на говедското е средно црвена, па доколку е темна, тоа е лош знак. Идеалната боја на свинското месо е бледорозова.

„Треба да ги одбегнувате сите сивкави нијанси на месо“, нагласува Роесике.

Цврстина

Друг вид на проверка е цврстината на месото. Па така, ако го притиснете со прст, тоа мора брзо да се врати во својата оригинална состојба, не смее да остане никаква вдлабнатина, а површината на месото мора да блеска.

Многу домаќинки прават една голема грешка кога одмрзнуваат месо: Овие 3 начини се најсигурни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.