Неодолива мешавина од есенцијални масла за подобар сон

Ароматерапијата е исклучително корисна за да се добие енергија наутро, да останете концентрирани во текот на денот и да спиете подобро навечер.

Користењето есенцијални масла ќе ви помогне да имате поквалитетен сон. Секое од многуте есенцијални масла има свои својства – ако барате нешто специфично, задолжително консултирајте се со експерт бидејќи тие ќе ви дадат најдобар одговор за она што ви треба.

Кое есенцијално масло е најдобро за подобар сон?

Џуди Коен, автор на „Есенцијални масла за зајакнување на мозокот и заздравување на телото“, го предлага следново: Лавандата е дефинитивно избор број еден, а во комбинација со цитрус истовремено ќе ве опушти и освежи – затоа е најдобриот избор.

Лавандата со своите својства ја ублажува анксиозноста и смирува, а тоа му е потребно на организмот за да има мирен и балансиран сон. Додавање на овој вид цитрус, како портокал – ќе добиете силен ефект врз подигање на расположението и намалување на стресот.

Ако се борите со будење во текот на ноќта, не заборавајте да додадете есенцијално масло од здравец во оваа комбинација, за кое е познато дека го намалува нивото на гликоза во крвта и создава убава, интимна атмосфера.

Можете да додадете комбинација од лаванда и други масла во дифузорот или да ставите неколку капки во бањата.

Прочитајте и: Колку често треба да ги перете пижамите?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.