Не е сеедно: Ова е единственото место во фрижидерот каде што би требало да чувате јајца!

Одбегнете ја грешката што повеќето ја прават

Ако ги чувате јајцата во вратите на фрижидерот, како што повеќето го прават тоа, правите голема грешка

Не е сеедно во кој дел од фрижидерот сте ги сместиле јајцата, доколку сакате да ги искористите сите хранливи својства на овој производ.

Ако мислите дека е доволно што сте ги ставиле јајцата во фрижидер, се лажете. Истражувањето покажало дека местото каде што се чуваат јајцата е од исклучителна важност. За да ги задржите сите хранливи својства на овој производ, никако не ги чувајте  во вратите од фрижидерот.

Најидеално место каде што можете да ги ставите е дното на фрижидерот, бидејќи тука е најконстантна температурата, а токму таа е важна за чување на јајцата, додека во вратите или на други места постојано варира.

Дополнителен совет: Пред да почнете со приготвување на кое било јадење со јајца, треба да ги загреете. Извадете ги од фрижидер и оставете ги да отстојат на собна температура неколку минути за подобро да се изматат и десертот да биде повкусен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.