Дали постои причина за загриженост: Еве што открива треперењето на раката за вашето здравје!

Експертите откриваат

Експертите откриваат колку е опасна оваа појава

Со некои знаци телото сака да ни испрати порака дека има проблем. Некои промени на самото тело не треба да се занемаруваат, додека некои се моментални и не укажуваат на ништо посериозно.

Ги прашавме експертите на што укажуваат треперењето на раката, белите дамки или слабите нокти.

Еве што ни открија тие…

Треперење на раката

Ако рацете неконтролирано ви се тресат, за почеток не паничете, бидејќи можеби се работи за премногу кофеин или премалку сон. Некои лекови, како што се оние за астма и против депресија, може да ја предизвикаат оваа појава. Меѓутоа, ако рацете пречесто ви треперат, време е да посетите лекар, бидејќи можеби се работи за Паркинсонова болест.

Нокти што лесно се кршат

Ако ви се чини дека ноктите ви се особено слаби и кршливи, можеби ви недостига цинк. Цинкот помага во обновата и растот на ноктите. Доколку тоа е причината, додајте го во исхраната.

Бели дамки на ноктите

Оваа појава најчесто се поврзува со лоши навики во исхраната, поточно со недостиг на цинк, калциум и железо во организмот. Проблемот може да го решат суплементи и консумација на производи што ги содржат потребните минерали и витамини.

Сина боја на ноктите

Ако ноктите ви стануваат сини, тоа значи дека не добиваат доволно кислород. Причината може да биде болест на дишните патишта или Рајнаудов синдром, периферна артериска болест.

До оваа појава може да доведе и слабата циркулација, особено кога температурите се ниски. Сепак, ако ноктите ви се постојано сини, побарајте совет од лекар.

Тенки и меки нокти што лесно се виткаат

Ваквиот изглед на ноктите може да укажува на недостиг од калциум и протеини. Обидете се да внесете во исхраната доволно млечни производи, но и сардини и спанаќ. Ако не ви помогне тоа, посетете лекар.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.