Кога некому ќе му почине родител: Никогаш не смеете да му го кажете ова!

Внимателно

Некои изјави може дури и да звучат смешно, додека повеќето се навредливи

Пред три години, блогерката Авери Ведерфорд го изгубила татко и’. И’ пристигнале разни изрази на сочувство, од смешни до навредливи. Таа тогаш одлучила да состави листа на фрази кои никогаш не би смееле да и’ ги кажете на личност која изгубила некој близок.

„Дали бевте блиски?“

Што можете да одговорите на ова прашање? Или ќе кажете „да“, па ќе биде многу тажно, или „не“, што може да биде уште потажно и поболно. Тагата предизвикува многу комплицирани чувства. Ако вашиот пријател немал контакт со таткото или мајката што ги изгубил, тоа може само да му ја зголеми болката. Не е важно дали разговарал со родителот секој ден или еднаш годишно, најважно е да дадете поддршка, се’ друго е помалку важно.

„Се’ се случува со причина“

Еден од пријателите на блогерката, по смртта на татко и’ направил фотографија на која пишувало „Се’ се случува со причина“ и тоа го објавил на нејзиниот фејсбук-профил. Најверојатно сакал да ја инспирира, но Авери веднаш го избришала од листата на пријатели. Далеку од тоа дека смртта на нечиј родител се случила поради повисока цел. Дури и да произлезе нешто добро од некој трагичен настан, тоа не смее да се смета за позитивна работа.

„Добро се држиш“

Можеби пријателот ви изгледа добро, но не знаете што се случува во неговото срце, душа… Дали личноста изгледа добро на погребот на близок човек, едноставно не треба да се коментира…

„Бог секогаш ни праќа онолку колку што можеме да поднесеме“

Уште една некоректна и крајно бескорисна изјава. Многу луѓе доживеале далеку потешки ситуации одошто можат да поднесат. Не сме создадени за да си ги тестираме границите на болката. Ако видиме дека пријател страда поради нечија смрт, утеха е само да му пружиме рака, зборови не се потребни.

„Ако ти треба нешто, јави ми се“

Тешко е да се побара помош. Ако можете, помогнете веднаш, не чекајте некој да ве замоли.

Еве што можете да направите за некој кој изгубил татко или мајка:

  • Можете да му дојдете во посета и да му донесете чај, свежо сварена топла супа, списанија…
  • Можете цврсто да го прегрнете и да молчите.
  • Можете да донесете кутија чоколади и разгледница со потпис од сите колеги од фирмата што ја бодрат личноста да издржи.

Болката не умира по еден месец, ниту по една година… Болката поради загубата на родителите останува засекогаш, но убавиот гест може да направи личноста да се чувствува попријатно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.