Кулинарски тајни: Мал трик за совршено сварени тестенини секој пат!

Готвачите откриваат

Сите ги обожаваат тестенините – комбинацијата на брашно, вода и сол е одлична основа за толку многу вкусни јадења

За да сварите совршени тестенини кои ќе имаат совршена текстура, потребна е одредена вештина.

Ако ги прашате Италијанците, тестенините би требало да бидат „ал денте“. Врвни готвачи ги споделија нивните совети за идеално сварени тестенини, кои и вие многу брзо ќе почнете да ги правите како вистински професионалци.

На почеток да разјасниме што е тоа „ал денте“?

Тоа значи дека текстурата на пастата треба да биде цврста кога ќе ја загризете и да може да го задржи својот облик во кој било сос со кој ќе сакате да ја измешате.

Трите тајни чекори во приготвувањето совршена ал денте паста се следните:

1. Користете многу голем сад во кој ќе ја варите пастата, за да не ја натрупате. Важно е да ја оставите пастата да дише додека ја готвите, а со голем лонец тоа ќе ви биде загарантирано.

2. Додајте доволно сол во водата во која ќе готвите. Ова е неизоставен чекор за добра припрема. Додајте 1 или 2 лажички.

3. За да постигнете вкус ал денте, по вриењето на водата тестенините треба да се варат уште околу 3 минури. Вака сварените тестенини ќе бидат меки однатре, а крцкави однадвор.

Правило на Италијанците: Изборот на паста би требало да биде ускладен со изборот на сос. Подебелите тестенини најдобро одат со доматни сосови и печурки, додека шпагетите и полесните тестенини најдобро одат со сосови од јајца, месо или морски плодови.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.