Никогаш нема да ослабите ако ги ставате овие намирници во јадењата и салатите!

Добро обрнете внимание

Здравите оброци ги претвораат во масни калориски бомби

Во текот на летото, најмногу се јадат салати. Тие се приготвуваат едноставно, не им треба термичка обработка, а и лесни се.

Освен тоа, се сметаат за диетални, што ги прави добар избор за многу луѓе кои сакаат да живеат здраво или да ослабат.

Но треба да се има предвид дека не е секоја салата диетална. Ако ставите во чинија домати, рукола, зелка и други зеленишта, салатата сигурно ќе ви биде нискокалорична и корисна. Но ако додадете некоја друга состојка, ризикувате да го претворите вашиот специјалитет во калорична бомба.

Ова се состојките што никогаш не треба да ги додавате во салата, но ни во другите јадења ако сакате вита линија!

1. Пченка

Еден од најлесните начини да ги намалите калориите и јаглените хидрати што ги внесувате е да престанете секаде да додавате пченка.

2. Павлака

Павлаката исто така е многу калорична. Бидете сигурни дека ако ја додадете во салатата, таа нема да биде диетална и лесно, а јадењето ќе биде доста помасно.

3. Кубети

Ако се обидувате да ја намалите количината на внесените тестенини, никогаш немојте да јадете оброци со кубети. Тоа е како да јадете 1-2 парчиња леб.

4. Солени јаткасти плодови

Суровите јаткасти подови и семки се здрав додаток, но печените јаткасти плодови во кои има сол се нешто сосема друго. Тие ниту се корисни ниту се диетални.

5. Сланина

Зар мислите дека вашиот оброк ќе биде диетален ако во него додадете масна свинска сланина?

6. Сос од мајонез

Сосот од мајонез е тежок и многу калоричен. Со своите калории може да ги надмине сите здрави состојки во оброкот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.