Никогаш не ни е доста од модните игри: Нов начин на носење кошули што ги воодушеви девојките ширум светот!

Кошулата е задолжително парче во плакарот

Старото добро познато парче облека од кое никогаш нема да ви досади, особено не сега…

Сигурни сме дека досега сте нашле разни начини да ја стилизирате и да ја вклучите во вашата комбинација, но мора да признаете дека секогаш сте во потрага по нешто ново и интересно што дополнително би можело да го подобри вашиот изглед.

Покрај вовлекувањето на едната страна во панталони или здолниште, од неодамна можевме да забележиме и нова идеја за носење кошули кои ја популаризирале познатите ѕвезди како Зендаја и Менди Борк.

Што треба да направите? Одберете кошула и искомбинирајте ја со длабоки фармерки или панталони. Потоа, наместо да ја вовлечете кошулата внатре, откопчајте неколку копчиња од крајот кон средината за да создадете триаголник.

https://www.instagram.com/p/BzGJ39HIBQz/

Овој шик начин на носење кошула е фантастичен, летен и сензуален, а вие секогаш можете да влијаете врз тоа колку кожа ќе покажете. Овде главна улога играат и длабоките силуети на панталоните, здолништата или шорцевите.

https://www.instagram.com/p/Byh6fQci-Af/

Исто така може да си играте со силуетите, па така, со ваквото носење кошула, може да носите здолништа со А-крој, вреќести панталони и слично.

ФОТО: Pixabay, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.