Кујнскиот апарат што ќе ви го олесни животот

Со помош на микробранова печка, исцедете лимони поефикасно, рамномерно тостирајте ги јаткастите плодови или исушете ги омилените зачини за готвење – сè за неколку минути.

Микробрановата печка работи на принцип што се разликува од готвењето на шпоретот. Ја загреваме храната на шпоретот постепено почнувајќи однадвор и потоа ја шириме топлината внатре во храната. Микробрановите печки, од друга страна, ги загреваат сите делови на храната одеднаш. Електромагнетните бранови предизвикуваат движење на молекулите, а движењето на молекулите доведува до триење што создава топлина. Непријатни експлозии може да се појават кога топлината продира во храна со висока содржина на вода.

Незаслужено озлогласена, микробрановата печка често се смета за непријател на здрави оброци, но тоа не е во ред. Имено, готвачите велат дека овој апарат за домаќинства всушност може да биде од голема корист и да го намали времето и подготовката со тоа што ќе се олесни работата во кујната.

Пробајте ги овие корисни трикови:

Тостирање јаткасти плодови

Во микробранова печка, бадеми, лешници и слично, ќе се испечат повеќе рамномерно отколку во рерната или тавата. Наредете ги во чинија во еден слој и тоситрајте во неколку интервали по минута. Помешајте малку помеѓу секој интервал. Повторете го процесот додека не го добиете она што го сакате.

Бланширање зеленчук

Парењето зеленчук во вашата микробранова печка е навистина лесно и не ви треба специјална опрема. Сè што треба да направите е добро да го исплакнете зеленчукот, да го ставите во сад во микробранова печка со неколку лажици вода, делумно да ги покриете со чинија, оставајќи малку простор за излегување на вишокот пареа и да се вклучи печката на минута или две.

Извлечете максимум од агрумите

Ако ви треба сок од лимон, прво загрејте го целиот лимон во микробранова печка околу десет секунди. Почекајте малку да се излади, потоа исечете го и исцедете го. Треба да добиете многу повеќе сок отколку со класично цедење.

Исушете ги зачините

Поставете неколку гранки од билки, како рузмарин, меѓу две хартиени крпи и ставете ги сите заедно во микробранова печка на две до три минути. Кога ќе ги извадите треба да бидат суви.

Прочитајте и: Пешкирите ви мирисаат лошо и после перење? Овие трикови ќе им ја вратат свежината и мекоста на вашите алишта!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.