Дознајте што е менструален грип и како да го лекувате

Кои се симптомите?

Предменструалниот синдром (ПМС) влијае на дури 95% од жените, а на многумина им е тешко да се справат со неговите последици. Но, грчевите во менструацијата, главоболките и честите промени во расположението не се единствените проблеми со кои се соочуваат жените пред менструацијата.

Многу жени страдаат од менструален грип, чии симптоми се многу слични на вистинскиот грип. Симптомите вклучуваат слабост, треперење, замор, болки во мускулите, гадење, дијареја, па дури и повраќање. Истражувањата покажаа дека ова се случува кога простагландините, липиди кои се ослободуваат пред менструацијата, исто така влегуваат во крвотокот. Нема научни докази за да се објасни зошто некои жени имаат поизразени и посилни симптоми на ПМС и менструален грип, додека други имаат благи менструации без скоро никакви предменструални симптоми.

Како да се справите со менструалниот грип?

Многу лекари за менструален грип препорачуваат парацетамол, заедно со поздрава храна богата со антиоксиданти и доволно вода и чај. Избегнувајте нездрава и мрсна храна и засладени сокови. Ако болката станува неподнослива и симптомите се влошат, консултирајте се со општ лекар или гинеколог. Менструалниот грип во некои случаи може да укаже на воспалителни процеси или нерамнотежа на хормоните.

Прочитајте и: Годините кога сте ја добиле вашата прва менструација откриваат многу за вашето здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.