Кој сапун е подобар – течен или тврд? И зошто не ни требаат антибактериски…

Обрнете внимание

Миењето на рацете е најважно за да се спречи ширењето на вирусот, но прашањето е кој вид на сапун е најдобро да се користи?

Антибактериски или обичен сапун?

Антибактериските сапуни не се поефикасни од комбинацијата на обичен сапун и вода при уништување на вируси и бактерии. Нема докази дека антибактерискиот сапун врши потемелно чистење од обичниот сапун, без разлика дали е дома или во јавност. Затоа, обичниот сапун треба да се користи во домот, јавните места и деловното опкружување, освен ако не е поинаку советувано од вашиот лекар.

Дали антибактериските сапуни промовираат отпорност на антибиотици?

Нема докази дека овој вид сапун предизвикува отпорност на антибиотици, но некои научници веруваат дека тоа може да придонесе за развој на микроби отпорни на антибиотици.

Обичен сапун

Се препорачува за употреба на сите локации, освен болници и здравствени центри.
Лесно е достапен.
Не е толку скап како антибактерискиот.
Темелното миење на рацете е најважната ставка за добра хигиена.

Течен сапун или тврд сапун?

Течен сапун
Општо, се препорачува да се користи овој сапун за миење раце.
Течниот сапун е лесен за употреба и нема да дозволи вирусот да се пренесува од една до друга личност.
Повеќето течни сапуни содржат и одредена хидратација, така што по миењето со сапун рацете нема да останат суви.

Тврд сапун

Вирусите можат да се најдат на овој сапун и лесно се пренесуваат од личност до личност.
Може да се користи во домаќинството ако никој нема инфекции на кожата.
Не треба да се користи на јавни места.

Гел за дезинфекција е добар избор

Ако сапун и вода не ви се достапни, тогаш можете да ги исчистите рацете со гел или марамчиња за дезинфекција.
Вработените во рестораните, училиштата и продавниците прво мора да ги мијат рацете со сапун, а потоа со марамчиња за дезинфекција или гел.

Прочитајте и: Како да направите домашен антибактериски гел – Рецепт кој е стар 100 години

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.