Луна Ѓогани во реално шоу открива детали од домот на Цеца (ВИДЕО)

Што ли ќе каже Анастасија?

Анастасија Ражнатовиќ и Луна Ѓогани долго време беа најдобри другарки и буквално не се разделуваа. Ќерката на Анабела и Гаги дури и живееше во домот на Цеца, а се зборува дека токму поради интимниот однос со Вељко Ражнатовиќ дошло до одалечувањето со Анастасија.

Последниве три години, Луна „живее во реалното шоу „Задруга“, овој пат со родителите и момчето, па гледачите на ТВ-Пинк речиси секој ден се „забавуваат“ со скандалите во семејството Ѓогани.

За време на сончањето во вилата во која се снима реалното шоу, Луна откри детали од домот на популарната Цеца, а потоа се осврна и на свадбата на својот несуден дечко Вељко.

На прашањето на Брендон, кој е учесник во „Задруга“, колку куќни помошнички има Цеца, Луна одговори дека „нема многу“, четири-пет, и дека работат за неа многу години, уште од детството на Вељко и Анастасија.

Татко и’ Гаги, кој е затворен во реалното шоу од септември, ја праша дали Вељко се оженил со Богдана, на што Луна даде потврден одговор, откривајќи му дека се очекува поодувањето на Богдана, која на свет треба да го донесе синот Жељко.

Дали Цеца и Анастасија ќе изреагираат на ова јавно изнесување детали од нивниот дом, времето ќе покаже…

Видео: Јутјуб

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.