Како правилно да го исперете костимот за капење?

Бидете внимателни

Не треба да се мие во машина за перење! Доколку сакате да ви трае што е можно подолго – заборавете на тоа и следете ги овие препораки…

Измијте го костимот за капење секој пат кога ќе го користите и тоа рачно! Ова ќе отстрани сол, хлор, средства за сончање и природни масла. Покрај тоа, ќе го продолжите животот на костимите за капење, бидејќи тие обично се многу чувствителни и треба внимателно да се постапува.

Кога се враќате од плажа, не оставајте го костимот за капење влажен во торба или чанта, туку веднаш измијте го за да не зафати непријатни мириси. Користете благ детергент или детергент за перење за бебиња и оставете го да се исуши во затворен простор.

Никогаш не сушете костими за капење на сонце, бидејќи УВ зраците можат да ја избледат и уништат боја. Покрај тоа, избегнувајте да го цедите со рацете бидејќи ја губи својата еластичност и форма.

Исто така, не заборавајте да ја проверите етикетата на костимот за капење, што содржи упатства за правилно перење.

Прочитајте и: Два домаќински трика кои ќе ги извлечат сите непријатни мириси од вашата облека: Лесно, едноставно и без потрошен денар!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.